Како работи
Дознајте повеќе
Научете како да го користите Среќно бебе низ четири лесни чекори.
Овде сме за да понудиме најдобра услуга.
На Среќно бебе можете да разгледувате огласи, да се регистрирате и креирате Ваш профил низ кој ќе објавите Ваш оглас како и да комуницирате со огласувачите и купувачите низ нашиот систем за пораки.
Тука сме да помогнеме!
Погледнете ги најчесто поставуваните прашања
Напомена:
Сите плаќања се прават помеѓу купувачот и продавачот директно, на нивна сопствена одговорност.
Опцијата „Купи Сега“ која ја нуди системот на Среќно Бебе изразува дека купувачот ја прифаќа цената на продавачот односно е подготвен да го купи огласениот производ по цената која огласувачот ја бара, и со притискање на истото прави резервација на огласениот производ.
Целосните детали (начин на плаќање, достава и сл.) се предмет на договор меѓу купувачот и огласувачот и Среќно Бебе нема никаков начин истите да ги дознае, следи или да потврди или негира дека одредено плаќање е односно не е направено ниту пак дека доставата на огласениот производ е односно не е извршена.
По резервација на огласениот производ, купувачот има можност преку системот на Среќно Бебе да обележи дека извршил плаќање, а системот автоматски ќе го информира огласувачот за тоа. По ова, огласувачот треба задолжително да провери односно да потврди дека примил плаќање за огласениот производ.
Откако огласувачот ќе потврди дека примил плаќање и дека производот е испратен, купувачот задолжително треба да провери и да потврди дека огласениот производ е примен.
Информациите кои ги испраќа системот на Среќно Бебе дека одредено плаќање е извршено односно дека одредена испорака е извршена или комплетирана се исклучиво од информативен карактер и Среќно Бебе на ниеден начин не може истите да ги дознае, следи или да интервенира во случај на недоразбирање. Огласувачите и купувачите треба да преземаат вакви дејства и обврски исклучиво на своја одговорност и совесност.
Доколку огласувачот и купувачот успешно ја извршат купопродажбата и ги обележат во системот сите дејства за извршени, ќе им биде понудена опција да остават оцена, коментар или критика за другата страна, со што се гради рејтинг системот на Среќно Бебе кој е од информативен карактер и има за цел да ги идентификува сериозните и одговорни огласувачи и купувачи наспроти оние кои не се такви. Во интерес на секој член на Среќно Бебе е да се користи системот за резервација и да се потврди дека трансакцијата и размената се успешни, како би го подигнале сопствениот рејтинг, а и како би се информирале за односот, посветеноста, квалитетот и веродостојноста на останатите членови на Среќно Бебе.