Општи правила и услови за огласување
Правила за огласување
Правила за огласување
Огласување за физички лица </br>
Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Среќно бебе. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија. </br>
Среќно бебе го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице. </br> </br>
Огласување за претпријатија </br>
Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на Среќно бебе. Среќно бебе го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Согласно законот за забрана за спречување на вршење на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: Тековна состојба од Централен Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. Одредбите на овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување. </br> </br>
Услуги </br>
Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија. </br> </br>
Категоризација </br>
Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид: </br>
- Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија. </br>
- Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории. </br>
- Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас. Типот на оглас опишува дали предметот се продава или се купува. </br> </br>
Огласи – Дупликати </br>
Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани. </br> </br>
Линкови и препораки </br>
Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате. </br>
Среќно бебе не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите. </br> </br>
Слики и видео клипови </br>
Правила за прикачување на слики и видео: </br>
- Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате. </br>
- Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено. </br>
- Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг. </br>
- Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот. </br>
- Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал. </br>
Среќно бебе го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата. </br> </br>
Нелегални производи и услуги </br>
Среќно бебе има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават. </br> </br>
Материјал со авторски права и права на интелектуална сопственост </br>
Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови. Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ. </br> </br>
Навредлива содржина </br>
Огласот се смета за навредлив доколку: </br>
- Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица, или јавни лица.
- Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
- Има слики и видео со навредлива содржина. </br> </br>
Одговорност </br>
Среќно бебе не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста. </br> </br>
Нереални понуди </br>
Среќно бебе го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди. </br> </br>
Заштитен знак </br>
Сите слики и видеа на Среќно бебе се објавуваат со заштитен знак на Среќно бебе. Ова е со цел да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст. </br> </br>
<bold>Општи услови </bold></br> </br>
Авторски права </br>
Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на МОМЕНТУМ ИНК. ДООЕЛ Скопје и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон. </br> </br>
<bold>Политика за приватност </bold></br> </br>
Лични информации </br>
Среќно бебе се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници. Но, во секој случај не може да гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање на личните податоци. </br>
Применетата Политика за приватност објавена на оваа страна се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р.Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб страницата на дирекцијата за Заштита на лични податоци на Р.Македонија (dzlp.mk). </br> </br>
Среќно бебе и МВР </br>
Среќно бебе и помага на полицијата, други овластени лица и страни со информирање за илегалните активности во огласите. Идентитетот на огласувачот или лицето кое плаќа ќе биде откриено според ИП адресата или телефонскиот број и тоа единствено по барање на службено лице и надлежен орган. </br> </br>
Електронска пошта </br>
Електронската пошта е најчесто употребуваната алатка за комуникација меѓу корисниците на Среќно бебе. Електронската пошта не е задолжителна за регистрација на оглас. Ако огласувате и единствено може да бидете контактирани на телефон, наведете го во текстот. </br>
Ако при регистрацијата на оглас ја внесовте и Вашата електронска пошта, истата ќе биде користена само за праќање на информации поврзани со Вашиот оглас. </br> </br>
Заштита на податоци </br>
Среќно бебе се стреми максимално да ги заштити Вашите лични податоци при користење на веб страницата. За време на извршување на трансакцијата, Среќно бебе нема никаков пристап до информаците како што се број на Вашата платежна картичка, рок на важност, безбедносен код или состојба на Вашата сметка. Кога плаќате со платежна картичка сите трансакции се одвиваат преку NESTPAY системот кој ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита. </br> </br>
Cookies/ Технологија на следење </br>
Среќно бебе користи технологија на следење (Cookies – мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на рекламирање и ги брои уникатните посети. Тоа ни овозможува да се соберат статистики за нашите посетители и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не го гледате истиот банер постојано додека сте на Среќно бебе. </br>
Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци. </br>
Доколку сакате, можете да ја исклучите технологијата на следење на Вашиот пребарувач. Тоа се прави преку опцијата за прилагодувања на пребарувачот, во делот за безбедност. Секако, тоа ќе значи и дека нема да може да користите некои од функциите на Среќно бебе од моментот на исклучување на технологијата на следење. </br>
Среќно бебе исто така користи технологија на следење за градење на пазарни сегменти и таргетирање на аудиториумот базиран на однесувањето на корисниците. Оваа информација е анонимна и се користи само за таргетиран маркетинг. </br> </br>
Промени во Политиката за приватност </br>
Среќно бебе го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата. </br> </br>
Контакт со Тимот на Среќно бебе: </br>
Моментум Инк. ДООЕЛ Скопје </br>
Ул. Скупи 6 бр. 31 </br>
Тел: 078445028 </br>
Е-маил: hello@sreknobebe.mk